септември 14, 2020
ЦРВЕН КРСТ ОДГОВОРЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА УЧЕСНИЦИТЕ НА СЕДМИОТ ВЕЛЕШКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН
Волонтерите на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и годинава по седми пат одговорни за здравјето и безбедноста на учесниците на Седмиот велешки пливачки маратон.
Речиси половина од Тимот за одговор при катастрофи, обучени за безбедност на вода на сите три трки патролираа со гумени чамци со мотор подготвени да реагираат доколку имаше за тоа било каква потреба.
Пред почетокот на маратонски трки сите учесници беа на преглед кај двајца лекари, волонтери во велешкиот Црвен крст.
Ниту една манифестација па ни оваа не поминува без претставници од Клубот на млади. Тие на сите учесници им мереа температура, а претставуваа и логистичка поддршка за организаторот.