август 19, 2019
ДИСЕМИНАЦИЈА – 70 ГОДИНИ ЖЕНЕВСКИ КОНВЕНЦИИ
По повод одбележувањето на јубилејот, 70 години Женевски конвенции, во Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес денеска се одржа дисеминациска сесија на која пред Клубот на млади, дисеминаторот по Меѓународно хуманитарно право Ангел Ќиров го презентираше значењето и суштината на овие документи, многу значајни за организацијата.
На сесијата присувствуваа 21 волонтер од Клубот на млади. Дел од нив го освежија нивното знаење, а дел за прв пат се запознаа со содржината на конвенциите.