
март 11, 2025
ДИСЕМИНАЦИСКА ОБУКА
Во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес се одржа дисеминациска обука. На истата присувствуваа 18 ученици од ССОУ „Димитрија Чуповски“. Едукацијата се изведе како дел од наставната програма по практична настава за финкционирање на компанија, здружение или институција.
Кога е формирана организацијата, кои се принципите по кои работи и што значи црвениот крст. Сите овие прашања преку дискусија им беа одговорени на учениците. Учениците воедно се членови и на Училишниот клуб на Црвен крст кој функционира во ова училиште.
