мај 19, 2020

ДОДЕЛЕНИ 100 ПАКЕТИ СО ХРАНА И СРЕДСТВА ЗА ХИГИЕНА

Волонтерите на Црвен крст на Република Македонија Општинска Велес ја поделија хуманитарната помош донирана од Шпаркасе и Охидска банка.

Истата се содржеше од пакети со храна и средства за хигиена за социјално ранливите категории. Помошта се додели на 70 семејства или лица во  Велес, 20 во Градско и 10 во Горно и Долно Јаболчиште.

Со распределбата на оваа хуманитарна помош, волонтерите на Црвен крст од почетокот на кризата која настана поради Корона вирусот доделија околу 600 пакети со храна, средства за хигиена и дезинфекција во Општините Велес, Градско и Чашка.

< врати се назад