ноември 4, 2025

ДОДЕЛЕНИ ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ – ДОНАЦИЈА ОД ГРАЃАНИТЕ ПРИ ПОДЕЛБА НА РЕКОРДНАТА ПИТА НА „ПИТИЈАДАТА“

Волонтери на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес денеска поделија хуманитарни пакети на семејства и лица кои живеат во социјален ризик во Општина Велес.

Хуманитарната помош е „Од граѓаните за граѓаните“. Финасиските средства за оваа активност се собраа при поделбата на големата пита на манифестацијата „Велешка питијада 2025“. Велешани донираа 12.053,00 денари. Со овие средства се набавија 12 хуманитарни пакети со основни прехрамбени производи кои се поделија каде што е потребно.

Во набавката и реализацијата на хуманитарната акција учество зедоа тројца волонтери од Општинската организација на Црвен крст.

< врати се назад