мај 23, 2020

ДОНАЦИЈА ЗА САМОХРАНИ РОДИТЕЛИ И ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Во изминативе денови Волонтерите на Општинската организација на Црвен крст од Велес, заедно со претставници на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи дистрибуираат хуманитарна помош за семејства на самохрани родители и жртви на семејно насилство. Помошта е донација од UN WOMEN.

Семејствата и лицата кои се опфатени со оваа помош добиваат два пакети, еден со храна и еден со средства за хигиена.

Истовремено се доставува помош и за лицата кои немаат никава документација и во државата живеат без уреден статус, права и обврски.

< врати се назад