октомври 10, 2024

ДОНАЦИЈА ВО ОУРЦ МАЦА ОВЧАРОВА

Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес денеска изврши донација во Основното училиште со ресурсен центар „Маца Овчарова“.

Согласно нивните препораки, набавивме принтер во боја, но и акрилни и темперни бои, фломастери, сликовници, боенки и играчки за учениците.

Средствата за донацијата во висина од 36.180,00 денари се обезбедени преку компанијата Алокејт софтвер дооел. Голема благодарност до нашиот волонтер Лазе Петрушевски без кого немаше да се реализира донацијата и немаше да се обезбедат финансиските средства.

< врати се назад