септември 21, 2022

ЕДУКАЦИЈА ПО ПРВА ПОМОШ ЗА ВОСПИТУВАЧКИТЕ ВО ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ

Воспитувачките од сите клонови во ОЈУДГ „Димче Мирчев“ имаа едукација по прва помош. Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велесво соработка со надлежните во оваа институција одржаа обука бидејки овие лица честопати се наоѓаат во ситуација да пружаат прва помош кај децата при различни видови на повреди, рани, скршеници и слично.

Едукацијата по прва помош ја одржа Д-р Владо Хаџи Наумов лекар со над четири децениско волонтерско искуство во Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес. На истата присутни беа околу 50 воспитувачки од Детските градинки. Тие ги научуја постпаките за пружање прва помош во различки ситуации.

Овие едукативни предавања се дел од низата со кој Црвен крст продолжува да се зацврстува како водечка организација на полето на промоција на првата помош како вештина која треба да ја познаваат што е можно повеќе граѓани.

< врати се назад