март 2, 2021

ЕДУКАЦИЈА ЗА ХИГИЕНА И ЗАШТИТА ОД COVID 19

Како правилно да се мијат рацете за да се заштитиме од Корона вирусот? Колку долго тоа треба да трае? дали знаеме правилно да се миеме? Како се поставува и се вади заштитна маска? Одговорите на овие прашања ги дознаа учениците од Основното училиште „Панко Брашнар“ во Велес. Од таму практично започнаа едукациските сесии кои Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес, ќе ги реализира со децата од основните училишта во градот.

Целта е преку правилен начин на хигиенизација тие да го намалат ризик факторот за заразување или пенос на вурусот.

На првиот ден се одржаа два едукациски сесии на кои беа опфатени 30-тина ученици. Голем дел од знаењето тие го добиваат преку слики, примери и игри. Предавањата се прилагодени за нивната возраст и за децата се многу интересни. На истите се почитуваат сите мерки и протоколи за заштита.

< врати се назад