ноември 17, 2022

ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ВО ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЕНЗИОНЕРИ

По повод Неделата за грижа на стари лица која се одбележува од 14-20 ноември во просториите на Здружението на пензионери од Велес на 16-ти ноември се одржа едукативна работилница. Фокусот на истата беше ставен на запознавање на старите лица со нивните права

На едукацијата присувствуваа 28 лица на возраст помеѓу 62 и 90 години. Освен за правата од здравствена и социјална заштита тие покажаа интерес и за многу актуелни теми поврзани со здравјето на пензионерите.

Активноста се реализира под мотото „Сите сме нивни деца“. Како дел од Неделата за грижа на стари лица во Општинската организација на Црвен крст од Велес функционира и мобилен тим за набавка на храна, хигиена и лекови.

< врати се назад