ноември 11, 2024

ЕДУКАЦИИ ЗА БОРБА ПРОТИВ БОЛЕСТИ НА ЗАВИСНОСТ

Следејки ја Програмата за работа и редовните активности на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес одржа две едукативни предавања за борба против болести на зависност. Истите се одржаа во ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка и во Подрачното училиште во село Мелница.

Целта на едукациите е да се подогне свеста кај учениците од осмо и деветто оделеление за штетното влијание кое го имаат цигарите, алкохолот и дрогата. Акцент на работилниците се стави на користење на електронски цигари бидејки во последно време училиштата имаат појава на зголемено користење.

Со едукативните предавања се опфатија над 60 ученици во двете училишта. Истата ја врснички едукатори од Клубот на млади при Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес. Тие се дел од одбележувањето на месец ноември како месец за борба против болести на зависност.

< врати се назад