октомври 18, 2024

ЕДУКАЦИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Во просториите на ССОУ “Јовче Тесличков”во Велес се одржа врсничка едукација на тема: Борба против трговијата со луѓе. По повод светскиот ден за борба против трговија со луѓе. За учениците од прва и втора година.

Тие се запознаа со процесот на регрутирање, транспорт и експлоатација на лица – жртви на трговија со луѓе.

Целта на оваа активност е да се разбуди вниманието кај младата популација и да се посочи на опасностите кои ги носи трговијата со луѓе.

Акцент во предавањето се стави на претпазливоста, како прва појдовна точка при превенцијата.

Едукацијата ја изведоа врснички едукатори Даниел Србов и Мартина Ѓорѓевиќ од Општинската организација на Црвен крст Велес.

< врати се назад