октомври 24, 2024
ЕДУКАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ „ПЕТАР ПОП АРСОВ“ ВО С.ИЗВОР
Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес одржаа едукација за броба против трговија со луѓе за учениците од осмо и деветто одделение при подрачното училиште Петар Поп Арсов во с. Извор.
На предавањето се опфатија сите аспекти на трговијата со луѓе. Се објаснија фазите од регрутација, транспорт до експлоатација на жртвите, а се стави акцент и на препознавање на овие случаи за навремено да се спречат.
Едукацијата ја проследија 20-тина ученици. Истата ја изведоа лиценцираниот врснички едукатори Александра Илијевска со асистенција на волонтерот Верољуб Додевски – пензиониран началник во одделот за превенција при МВР Велес.