март 21, 2023

ГОЛЕМА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ССОУ КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ

Многу голема и успешна крводарителска акција во ССОУ „Коле Неделковски“. На традиционалната пролетна акција даруваа 57 крводарители. Голем дел од нив или 36 даруваа за прв пат и станаа крводарители. Оваа бројка само ја потврдува хуманоста и големиот придонес за јавното здравје на вработените и учениците од средното училиште.

Крводарителската акција заеднички ја реализираа Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Во реализацијата на акцијата беа вклучени тројца волонтери.

Инаку на манифестацијата по повод 17-ти март Денот на крводарителството ССОУ „Коле Неделковски“ доби признание за најдобра образовна институција на полето на крводарителството во 2022 година.

< врати се назад