ХУМАНА АРМИЈА
Припадниците на Армијата ја покажаа својата хуманост. Во голем број се одзваа на крводарителската акција која на 15-ти Номеври се реализираше во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ и даруваа вкупно 52 крвни единици. Поголем дел од дарителите или 44 беа мажи, додека останатите осум се припаднички на понежниот пол. Над 40-мина од дарителите за прв пат даруваа крв.
Најмногу од дарителите се војниците доброволци на 39-тата генерација која воениот рок ќе го отслужува во наредните три месеци. Помал дел се војниците кои се дел од професионалниот состав во Армијата, како и вработените цивилни лица во касарната. Крводарителската акција, која традиционално се одржува секоја есен, заеднички ја реализираа Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.