септември 4, 2024
ХУМАНА АРМИЈА
Припадниците на Армијата кои се стационирани во Велешката касарна Алексо Демниевски – Бауман одново ја покажаа нивната хуманост. На крводарителската акција која се оджра денеска на 04-ти септември даруваа вкупно 23 крвни единици. Едно лице даруваше за прв пат и стана дел од големото семејство на крводарители.
На акцијата даруваа, Офицери и Подофицери, професионални војници и цивилни лица ангажирани во Армијата. Истата заеднички ја изведоа Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Во реализацијата на акцијата дирекно беа вклучени и двајца волонтери од Клубот на млади.