јули 22, 2021

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА

На платото пред Театар Џинот се одржа голема хуманитарна акција за помош на нашиот сограѓанин Ристе Гиовски, кој боледува од тешка болест за која се потребни значителни финасиски средства за третмани. 10-тина волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес ја реализираа акцијата.

Истата имаше повеќе аспекти. Младите ги искористија своите таленти за да привлечат што е можно повеќе учесници во акцијата. Дел од нив само за оваа цел формираа музички бенд и отпејаа многу хитови пред граѓаните кои се задржаа на акцијата. Останатите беа поставени на штандови на кои делеаа шишиња со вода и балони во форма на срце, а за децата имаше штанд на кој по нивното тело и лице добиваа цртежи од своите омилени акциони херои.

Собраните средства од хуманитарната акција се предадени на семејството Гиовски.

< врати се назад