април 28, 2020
ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА 45 СЕМЕЈСТВА
45 пакети со прехрамбени производи донираше семејството Етоски чии што членови во моментов живеат и работат во Швајцарија. На тој начин сакаат да помогнат на семејства кои се во социјален ризик поради пандемијата со Корона Вирусот. Пакетите ги подготвија вработените во Жито маркети.
Од донираните пакети, волонтерите на Општинската организација на Црвен крст од Велес во текот на денешниот ден поделија 30. По 15 во Чашка и 15 во Мелница. Останатите 15 ќе се поделат за социјално загрозени семејства во Велес.
Од почетокот на кризата ова е втора хуманитарна акција во кој се вклучува ова семејство.