февруари 24, 2021

ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ НА НАСЕЛЕНИЕ

Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес продолжуваат со активности за ублажување на кризата која ја предизвика пандемијата со Корона вирусот. Тие неделава се на терен и извршуваат поделба на хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена за лица и семејства кои живат во социјален ризик. Вкупно ќе се доделат 100 пакети. Донацијата е од Црвен крст.

Целта е да им се помогна на лицата кои немаат вработување и ниски примања. Освен во Велес, пакети со хуманитарна помош се доделија и во дел од населените места во Општина Чашка. Во нередните денови ќе бидат посетени и жители во Општина Градско.

Во реализација на оваа активност ќе бидат вклучени над 10 волонтери.

< врати се назад