април 9, 2021

ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВО СО СЕДУМ ДЕЧИЊА

Семејството Костадинови кое има седум деца доби хуманитарна помош од волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес. Помошта се состои во пакети со средства за хигиена и облека, нова и користена за сите девет членови во ова многу детно семејство кое живее во рурална средина.

Помошта се испорача заеднички со Посебното училиште „Маца Овчарова“ од Велес кои обезбедија хуманитарни пакети со храна.

Во нериор период ќе се посетат повеќе населени места во Велес, Чашка и Градско и ќе се поделат пакетите со хуманитарна помош во  нова и користена облека која ја донираше Црвен крст на Германија

< врати се назад