април 15, 2021
ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО ПАНОВИ ВО СЕЛО ВЛАДИЛОВЦИ
Хуманитарна помош за пет членото семејство Панови кое има три мали дечиња во велешкото село Владиловци. Двајца волонери на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес ја доставија до ова населено место оддалечено 30-тина километри од градската средина.
Хуманитарната помош се состоеше во пакети со храна, средства за хигиена, облека и покуќнина. Ја донираа вработените во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ по повод 15-ти Април Денот на единицата. Освен таму волонтерите дел од помошта ќе ја достават и за социјално загорзени семејства во Велес.