мај 12, 2020

ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА ВО ГРАДСКО

Волонтерите на Општинската организација на Црвен крст од Велес, денеска доставија хуманитарна помош за социјално загрозените семејсва во Општина Градско. Помошта е во пакети со храна и средства за хигиена, а се однесува за 20 семејства.

Донацијата пристигна од Шпаркасе и Охридска банка.

Во наредните денови овие пакети ќе се делат и за семејства во социјален ризик во Велес и околните населени места.

На денешната акција освен волонтери од Велес, учествуваа и волонтерите од Основната организација од Градско.

< врати се назад