февруари 22, 2023

ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ТУРЦИЈА И СИРИЈА

Успешно спроведена хуманитарна акција за помош на настраданото население во земјотересот во Турција и Сирија. На два пунктови во Чашка и Мелница во период од една недела помеѓу 13-ти и 17-ти февруари граѓаните донираа средства кои се предвидени и се дел од листата на производи кои може да се донираат. Од донираните средства најмногу има прехрамбени прозиводи, средства за хигиена, а дел и ќебиња. Согласно насоките сите донирани производи се нови, а храната и средствата за хигиена имаат рок најмалку шест месеци.

Во реализација на активноста преку хуманитарни пунктови учествуваа волонтерите од Основната организација на Црвен крст од Чашка.

< врати се назад