ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА ГРАДСКО
Семејствата и лица кои живеат во сицијален ризик, со ниски примања, оние кои останале без работа поради Корона кризата беа тарген група при распределбата на хуманитарни пакети во Општина Градско. Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес посетија повеќе семејства во четири населени места. Хуманитарни пакети со храна и со страдсва за хигиена се поделија во Градско, Чичево, Виничани и Ногаевци.
Хуманитарната помош е донација од Црвен крст обезбедена преку Меѓународната федерација. Освен во Градско, претходно пакети беа поделени во Велес и во Чашка, Богомила, Мелница, Долно Враноци, Стари град. И оваа хуманитарна помош како и претходните најмногу треба да придонесе да се намалат емектите од кризата која е предизвикана од пандемијата со COVID 19.