јули 30, 2020
ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ЖИТЕЛИТЕ ВО ГРАДСКО
Волонтерите на Општинската организација на Црвен крст поделија хуманитарни пакети за социјално загрозени семејства во Општина Градско. Се поделија вкупно 25 пакети. Од нив 15 со средства за хигиена и 10 со прехрамбени производи. При распределбата учествуваа четврица волонтери, двајца од Велес и двајца од Градско.
Помош наменета за неколку категории на граѓани освен во Градско, се распредели и во уште две населени места, Горно и Долно Чичево.
Активноста се реализираше благодарение на соработката со Општина Градско и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.