мај 4, 2020

ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ЗА ПОМОШ НА РАНЛИВИ ГРУПИ НА ГРАЃАНИ

Волонтерите на Општинската организација на Црвен крст од Велес денеска подели 50 пакети со храна наменета за ранливи категории на граѓани. Помошта е обезбедена преку донација на Фондацијата институт отворено општество, а е наменета за семејства од ромска националност.

Хуманитарните пакети е делат во соработка со Општина Велес и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи кои го подготвуваат списокот со лица на кои им е најпотребна помош.

Овие активности продолжуваат и во наредниот период. Пунктот за донации во Ученичкот дом „Лазар Лазаревски“ останува отворен сите граѓани и компании кои сакаат да донираат.

< врати се назад