октомври 26, 2020
ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВА ОД ОПШТИНА ГРАДСКО
Со волонтери на основната организација од Градско, Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес започна со распределбата на хуманитарни пакети со храна и хигиена за семејства кои се погодени од Корона кризата и за стари и изменоштени лица.
Првите пакети се поделија во Градско и во Долно Чичево. Во наредните денови ќе се врши распределба на хуманитарна помош во Велес и во Општина Чашка.
Донацијата на оваа хуманитарна помош е од Германскиот црвен крст. Во Општинската организација во Велес има по 50 пакети со прехрамбени продукти и со средства за хигиена.