јуни 1, 2020

ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ЗА СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ

Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и натаму секојдневно се на терен во обид да им се помогне на граѓаните и семејствата кои се најпогодени од економската криза која е предизвикана од вирусот COVID 19.

Во текот на оваа недела се дели хумантарна помош која пристигна како донација од USAID. Вкупно се пристигнати 396 пакети со храна и средства за хигиена. Во текот на денот се делеше помош за жителите од населеното место Бузалково. Во наредните денови ќе се распредели хуманитарна помош и за жителите од Велес и околните населени места.

Волонтерите ја делат хуманитарната помош според списоците кои ги добивме во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи. Како дел од Општинскиот штаб за заштита и спасување во хуманитарната акција се вклучени и Општина Велес, Територијалната противпожарна единица и Центарот за социјални работи.

< врати се назад