јуни 2, 2020

ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ЗА СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ВО ОКОЛИНАТА НА ВЕЛЕС

Продолжува распределбата на хуманитарна помош за соцојално ранливите категории која е донација од USAID. Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес на секое семејство му доделуваат по еден пакет со храна и еден пакет со средства за хигиена.

Во текот на денешниот ден помош се делеше во Горно Оризари, Башино село, Отовица, Чалошево, Ореше, Мелница, Оморани, Долно и Горно Јаболчиште. Вкупно се посетија 42 семејства кои добија храна и средства за хигиена.

Волонтерите ја делат хуманитарната помош според списоците кои ги добивме во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи. Во хуманитарната акција се вклучени, Општина Велес, Општина Чашка, Територијалната противпожарна единица и Центарот за социјални работи.

< врати се назад