април 18, 2023
ХУМАНИТАРНИ ТОПЛИ ОБРОЦИ
Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес на 17-ти април реализираа хуманитарна акција. Тие поделија топли оброци за лица и семејства кои живеат во социјален ризик.
Акцијата се реализира во соработка со „Гостилница Боем„ и Здружението „Нула гладни во Велес„. На истата се поделија 800 оброци кои се донација од правни и физички лица од градот. Од почетокот на годината досега се поделени околу 2000 оброци.
Во реализацијата на хуманитарните активности учество зедоа седуммина волонтери од Клубот на млади. Хуманитарната акција е дел и од одбележувањето на Неделата на солидарност.