октомври 19, 2020

ИНФОРМАТИВЕН ШТАНД ЗА НЕДЕЛАТА НА БОРБА ПРОТИВ ГЛАДТТА

Волонтерите на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес на штанд ги инфирмаа граѓаните за Неделата на борба против гладтта која се одбележува од 16 –ти до 22 – ри октомври.

Со цел помагање на социјално најзагрозените семејства во градот се постави и каса за донации. Средства кои беа собрани од велешани ќе се искористат за купување на прехрамбени производи кои во вид на пакети ќе се доделат во наредните денови.

Освен овој информативен штанд во соработка со Жито Маркети се реализира хуманитарна акција во четири маркети во градот. Таму граѓани на одбележани места можат да донираат прехрамбени производи.

< врати се назад