август 30, 2021
КАМПАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ
Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес беа дел од кампањата “Вози одморен” која изминатиов месец ја реализира Републичкиот совет за превенција во сообраќајот. Последниот настан на 29-ти август се одржа во Велес, при што на информативен штанд се делеа рекламни материјали за да се подигне свеста за безбедноста во сообраќајот и да се влијае врз граѓаните кои управуваат моторни возила.
На активноста учество зедоа три волонтерки од Клубот на млади. Со оваа активност бројката на волонтерски часови од волонтерите кои се дел од клубот на млади во месец август надмина 1000.