ноември 24, 2022

КРИЗЕН ШТАБ И ПОДГОТОВКА ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕ ПРИ КАТАСТРОФИ

Во просториите на симулацискиот центар при велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ се одржа кризен штаб, на највисоко ниво, на кој се разгледуваа капацитетите и можностите на чите институции кои се дел од системот за одговор при катастрофи. Една од главните цели беше да се намали степенот на интероперабилност и на тој начин институциите да бидат подобро координирани во случај на катастрофа.

На состанокот на кризниот штаб свој претставник имаше и Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес како една од страните која е дел од системот за одговор при катастрофи. На активноста присутни беа и Началникот на СВР Велес, Командантот на велешката касарна и првите луѓе на ЦУК, ДЗС; ТППЕ Велес, Општина Велес и Единицата за брзо распоредување при МВР.

< врати се назад