април 9, 2021

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ВЕЛЕШКАТА КАСАРНА

Припадниците на Армијата ангажирани на служба во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ ја докажаа нивната хуманост. Ниту Пандемијата со Корона вирусот не ги спречи да даруваат крв и да спасат нечиј живот. На крводарителската акција која се одржа на 17-ти април се донираа 19 крвни единици. Тоа е голем процент на армиски лица кои работат во оваа касарна и задоволителна бројка ако се има во предвид фактот дека повеќе нема војници доброволци кои секогаш беа многубројни на крводарителските акции.

Секоја година во велешката касарна се одржуваат во просек по три крводарителски акции и Армијата дава значаен придонес за развој на крводарителството и за зачувување на здравјето на граѓаните. Акцијата како и сите останати заеднички ја реализираат Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје

 

< врати се назад