август 24, 2019

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ЗА ДЕНОТ НА ОПШТИНА ЧАШКА

Еден од настаните со кои Општина Чашка на 21 Август одбележа 23 години постоење е крводарителска акција. Хуманите жители од населбата и околните населени места даруваа 20 крвни единици. Поголем дел од дарителите 17 беа од машки пол, а останатите три крвни единици ги даруваа жени.

Ова е трета крводарителска акција во 2019 година која Црвен крст на Република Македонија Општинска организаија Велес и Институтот за транфузиона медицина од Скопје ја реализираат во Чашка. Досега се дарувани вкупно 74 единици.

< врати се назад