
декември 10, 2024
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО „СОУ ГИМНАЗИЈА КОЧО РАЦИН“
Успешна крводарителска акција во Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес. Учениците, наставниците и вработените одново ја покажаа нивната хуманост. Даруваа вкупно 26 крвни единици. Крводарителската акција се реализира по повод патрониот празник на училиштето. 15-мина од нив даруваа за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во државата.
Во реализација на Акцијата учествуваа волонтери на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
На трите крводарителки акции кои есенва се одржаа во велешките средни училишта вкупно се даруваа 84 крвни единици, а дури 51 од дарители тоа го направија за прв пат.
