
март 24, 2026
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ВЕЛЕШКАТА КАСАРНА
Во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ се одржа традиционалната крводарителска акција по повод Денот на командата за обука и доктрини. На акцијата вкупно беа дарувани 48 крвни единици. 12-мина од дарителите даруваа за прв пат.
Во акцијата учествуваа воени лица, офицери и подофицери, професионални војници и цивилни лица ангажирани во Армијата.
За реализација на акцијата заеднички се погрижија Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес со двајца волонтери од Клубот на млади и екипа од Институтот за трансфузиона медицина.














































