јули 21, 2025

ЛЕТНА ПРОГРАМА ЗА ВОЛОНТЕРСТВО 2025

Волонтерите од клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес ја оддржаа втората работилница во рамките на летната програма за волонтерство.

Овојпат тема беше прва помош. Новите волонтери се запознааа значењето на првата помош како живото спасувачка вештина и  со основните техники за пружање на истата.

Обуката беше одржана од младинскиот демонстратор Никола Мацис. На истата присутни беа 15 волонтери. Целосната организација беше спроведена од лидерот, заменик лидерот и координативното тело на Клубот на млади. Ова е трета година по ред како се реализира Летна програма за волонтерство.

< врати се назад