МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и Општинската јавна установа за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ денеска потпишаа меморандум за соработка. Тоа предвидува поголема и поактивна соработка на двете институции во наредниот период.
Согласно меморандумот ќе се воспостави континуирана, ефективна и ефикасна соработка на полето на едукација за заштита и самозаштита на децата и вработените во случај на катастрофи, прва помош, организација и реализација на хуманитарни и крводарителски акции, како и останати активности кои произлегуваат од Програмата за работа на двете установи.
Меморандумот го потпишаа Секретарот на Општинската организација на Црвен крст и Директорката на градинката во име на двете установи. Истиот е склучен на неопределено време.