ноември 18, 2019

МЛАДИ ВО БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Во организација на Училишниот клуб на Црвен крст при гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес, на 15-ти Номември се одржа едукативно предавање на тема: „Борба против трговија со луѓе“. Истото го одржа волонтерот и врснички едукатор Александра Здравевска и Началникот на отсекот за превенција во СВР Велес Верољуб Додевски.

Пред присутните ученици се стави акцент на трите фази од трговијата со луѓе: Регрутација, транспорт и експлоатација. При тоа беше посочено дека најдобра превенција е претпазливоста, проверка на фактите и информациите пред да се направи било како посериозен чекор.

Едукацијата, на која присувствуваа 25 ученици, е дел од Годишната програма за работ на клубот за оваа учебна година.

< врати се назад