март 10, 2026

МОТИВАЦИСКА РАБОТИЛНИЦА ЗА КРВОДАРИТЕЛСТВО

Во ССОУ „Димитрија Чуповскии“ се одржа мотивациска работилница на тема крводарителство и придобивките од него. Истата на 06-ти март ја одржааа обучени мотиватори од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Велес.

Учениците од завршните години имаа можност да дознаат повеќе за процесот на дарување крв, критериумите што треба да се исполнат, како и за личните и општествените придобивки од овој хуман чин.

Се надеваме на успешна крводарителска акција со многу хумани ученици, и изразуваме голема благодарност до ССОУ „Димитрија Чуповски“ Велес .

< врати се назад