ноември 20, 2024

НЕДЕЛА ЗА ГРИЖА НА СТАРИ ЛИЦА

Како дел од одбележувањето на „Неделата за грижа на стари лица“, на 20-ти Ноември се реализираа бесплатни лекарски прегледи во Градско. Тим на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес, составен од лекар и тројца волонтери од клубот на млади спроведоа прегледи за мерење на шеќер во крвта и крвен притисок, а поделија и совети за превенција од болести. На преглед дојдоа 30 жители на Градско и Виничани.

Акцијата се реализираше во просториите на Здружение на пензионери од Градско, во соработка со Основната организација на Црвен крст кои навремено и соодветно извршија информирање за овие активности.

< врати се назад