
НЕДЕЛА ЗА ГРИЖА НА СТАРИ ЛИЦА
Во рамките на „Неделата за грижа на стари лица“, Црвениот крст спроведе бесплатни превентивни лекарски прегледи наменети за повозрасните сограѓани. Тим составен од лекар и волонтери од клубот на млади вршеше мерење на шеќер во крвта и крвен притисок, придружено со корисни совети за превенција и грижа за здравјето.
Прегледите се реализираа во просториите на Здружението на пензионери во Велес, кои обезбедија поддршка и навремено информирање на членовите.
Во рамките на неделата, беше одржана и средба со претседателот на Здружението на пензионери, на која се разговараше за заеднички активности, тековни потреби и понатамошни форми на поддршка за стари лица.
Дополнително, волонтерите ги посетија и дел од пензионерите во нивните домови, подарувајќи им сокови и време за разговор – мал гест што носи големо значење во поттикнувањето на солидарноста и грижата кон највозрасните членови на заедницата.















































