декември 25, 2024

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР

Волонтери на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес, поделија новогодишни пакетчиња за лицата во Дневниот центар.

Пакетчињата се донација на две средни училишта во градот. Во соработка со училишните клубови на Црвен крст при ССОУ „Димитрија Чуповски“ и СОУ „Јовче Тесличков“ се одржаа две работилници на кои се донираа производи со кои се направија пакетчињата.

За возврат од Дневникт центар ни ја подарија најубавата рачно изработена новогодишна честитка.

Останатите пакетчиња ќе се поделат на деца кои живеат во семејства од социјален ризик.

< врати се назад