септември 23, 2022

ОБУЧЕНИ ЗА ПРВА ПОМОШ НЕГОВАТЕЛКИТЕ И ВОСПИТУВАЧКИТЕ ВО ГРАДИНКИТЕ

Во период од 21-ви до 23-ти септември Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес одржа обуки по прва помош за вработените во Општинската јавна установа Детска градинка „Димче Мирчев“. За три дена обучени се над 100 вработени или речиси 80 проценти од кадарот во институцијата, за срцево-белодробно оживување, скршеници, рани, крварења и останати побреди. Овие обуки се реализираат на барање на Детските градинки бидејки нивните внатрешни анкети покажале дека вработените најмногу барале доедукација по прва помош.

Едукативните предавања ги одржаа волонтерите Д-р Марија Давчева и Д-р Владо Хаџи Наумов. Освен теоретскиот дел тие изведоа и низа практични постапки за различни видови на повреди.

Активностите се дел од кампањата „Првата помош спасува живот“. На тој начин Црвен крст го докажува водечкото место во државата за промоција на првата помош.

< врати се назад