октомври 12, 2021

ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ ВО ССОУ КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ

Како да се постапи во случај кога имаме скршеница, крварење, рана, повреда од било кој тип, кај ученик? Што треба да знае наставникот за да пружи прва помош и истата да биде ефикасна? Ова се само дел од работите кои се презентираа на обуката за прва помош која се одржа во ССОУ „Коле Неделковски“. Истата е дел од кампањата „Биди и ти херој во твоето училиште“,а ја посетија речиси 40-тина наставници. До крајот на неделава во ова училиште ќе се одржи уште една обука за оние наставници кои биде спречени да присувствуваат.

Предавањето по прва помош го одржа Д-р Филип Тодоровски волонтер на Општинската организација на Црвен крст кој активно е вклучен во реализација на здравствено превентивната програма над четири децении.

Освен овде во нередниот период обуки за прва помош ќе се одржуваат и во останатите основни и средни училишта во градот и околината.

< врати се назад