ОДБЕЛЕЖАН МАЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СТАРИ ЛИЦА
Во здружението на пензионери од Велес одбележан 1-ви октомври Меѓународниот ден на старите лица. По овој повод во една од салите на Здружението се одржа едукација за заштита и превенција од Ковид 19. На истата присувствуваа над 20 лица од повозрасната популација кои се едуцираа за болеста и превенцијата од сите можни аспекти.
Едукативното предавање до одржа Д-р Кевица Шопова Клифова долгогодишен волонтер во Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес која најмногу е ангажирана на реализација на Здравствено превентивната програма.
Освен презентацијата, присутните покажаа многу голем интерес за Ковид 19 преку прашања за симптомите или вакцинацијата на кои добија соодветни одговори. На едукацијата се почитуваа мерките за заштита, а сите присутни освен што ноеа маски имаа и сертификати за примена вакцина.