март 18, 2026

ОДБЕЛЕЖАН 17-ТИ МАРТ – ДЕН НА ЦРВЕН КРСТ И КРВОДАРИТЕЛСТВОТО

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес традиционално го одбележа 17-ти март Ден на Црвен крст и ден на крводарителството. Овој ден е посветен на сите хумани луѓе кои со дарување крв спасуваат животи и даваат нова надеж.

Во рамки на настанот им оддадовме признание на најпосветените крводарители кои во 2025 година достигнале голем јубилеј и го реализирале своето 50-то, 75-то и 100-то дарување на крв. Освен лични празнанија се доделија и благодарници за „ООУ „Лирија“ од Горно Јаболчиште и Извиднички одред „Димитар Влахов“ за нивниот придонес во развојот на крводарителството.

Како дел од одбележувањето, сеодржа панел дискусија на која се зборуваше за крводарителството, се истакнаа позитивни примери и се објасни патот на крвта.

< врати се назад