февруари 24, 2023
ОДРЖАНО РЕДОВНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ
Во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес на 23-ти февруари се одржа редовно годишно собрание. На собранието присутни беа 15 од вкупно 19 делегати од основните организации. Присутните ги потврдија Програмата за работа на Општинската организација и Финасискиот план за 2023. Исто така како позитивни беа оценети и усвоени Извештајот за активности и Извештајот за планирани и остварени приходи и расходи за 2022 година.
На собранието се дискутираше и за актуелни теми од работењето на Општинската организација, развојните планови, проекти кои се планираат да бидат реализирани и за тековни активности со акцент ставен на земјотресот во Турција и Сирија.