јули 13, 2020

ОДРЖАНО РЕДОВНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ООЦК ВЕЛЕС

На седницата се потврдија програмата за работа за 2020 година, како и Финасовиот план за истата година. Членовите на собранието дадоа зелено светло и со тоа ги усвоија Извештајот за работа на Општинската организација во 2019 година и извештајот за реализирани приходи и расходи во таа година.

Со присувство на 12 од вкупно 19 членови се одржа шестата редовна седница на Собранието на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска рганизација Велес.

Собранието се одржа во Хотел Интернационал во Велес. Му претходеше седница на Раководниот одбор на која се разгледа Извештајот за реализираните активности на ООЦК Велес во период на глобална пандемија со Корона вирус. На двете седници се почитуваа протоколите за седење и протоколите за заштита.

< врати се назад